• вторник, 12 ноември 2024

Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори

Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори

Ерусалим, 11 јули 2024 (МИА) - Израел ќе испрати делегација во Каиро на понатамошни разговори со посредниците за предложениот договор со Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Сепак, додека Хамас се согласи да направи отстапки за своето клучно барање - Израел да се обврзе на целосно завршување на војната - палестинската организација бара од посредниците да постигнат договор за траен прекин на огнот во замена за ослободување на израелските заложници.

Нетанјаху, пак, рече дека нема да потпише никаков договор што ќе го принуди Израел да ја прекине својата офанзива во Газа пред да биде елиминиран Хамас.

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека израелскиот преговарачки тим се вратил од состанокот со посредниците во Доха, без да даде детали за исходот од разговорите. Тимот денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите, се вели во соопштението.

САД претходно денеска објавија дека испраќаат дополнителни 100 милиони долари помош за Палестинците во Појасот Газа и Западниот брег. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан