• сабота, 21 декември 2024

Израел депортираше Иранец кој имал опрема за надзор

Израел депортираше Иранец кој имал опрема за надзор

Ерусалим, 11 август 2023 (МИА) - Израелската разузнавачка агенција Шин Бет денеска соопшти дека спречила обид за иранска шпионажа и дека уапсила, а потоа и депортирала Иранец со еврејска вероисповед, кој долетал во земјата со кутија хартиени марамчиња во која, според агенцијата, сакал да скрие опрема за надзор.

Во соопштението се додава дека Иранецот, кој има роднини во Израел, за време на испрашувањето на аеродромот „Бен Гурион“ признал дека пристигнал во земјата за да шпионира израелски цели за иранските безбедносни оперативци.

„Овој настан е дел од широките ирански напори за воспоставување шпионски и терористички мрежи во Израел“, се вели во соопштението на Шин Бет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан