• сабота, 28 декември 2024

Израел ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет

Израел ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет

Ерусалим, 21 октомври 2023 (МИА) - Израел денеска ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на официјално соопштение.

Советот за национална безбедност на Израел го објаснува предупредувањето со влошување на ситуацијата со антиизраелски протести. Нивото на опасност во Јордан и Египет го подигна на максимум, на четврти степен.

Вакво предупредување веќе и е дадено на Турција.

Нивото на опасност во Мароко е подигнато на трет степен, што значи дека на Израелците им се советува да не ја посетуваат земјата.

Двајца израелски туристи и нивниот локален водич беа убиени од полицаец во северниот египетски град Александрија на 8 октомври, еден ден откако палестинското исламистичко движење Хамас го нападна Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан