• сабота, 09 ноември 2024

Израел: Воената операција на Западниот Брег може да трае со денови, или подолго

Израел: Воената операција на Западниот Брег може да трае со денови, или подолго

Тел Авив, 29 август 2024 (МИА) - Израелската воена операција на северот на Западниот Брег „може да трае неколку дена, а можеби и подолго“, изјави денеска портпаролката на израелската армија.

- Операцијата ќе продолжи онолку колку што е потребно за да ги постигнеме нашите безбедносни цели, што значи дека би можеле да сведочиме на судири уште неколку дена, а можеби и подолго ако е потребно, изјави Ела Вавеја за Анадолија.

Израелската армија вчера започна голема воена операција на северниот дел на Западниот Брег, најголема во последните две децении, при што беа убиени 17 Палестинци, според палестински извори.

Армијата соопшти дека целта на операцијата е да се спречи опасноста од експлозивни направи на северниот дел на Западниот Брег.

„Постојат знаци на зголемена активност и операции на Западниот Брег, кои носат јасни знаци на Иран“, изјавија израелски безбедносни извори.

- Експлозивните направи би можеле да предизвикаат огромни разурнувања, особено оние направени од плински боци, кои се подготвени на начин што им овозможува да предизвикаат разорни експлозии, додадоа тие.ссм/

фото: архива

Остани поврзан