Израел бара ОН и хуманитарни организации да ја заменат УНРВА во Газа
- Израел активно ги охрабрува агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни организации да ја преземат улогата на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) во Појасот Газа, изјави израелскиот амбасадор во ОН во Женева, Даниел Мерон

Женева, 10 март 2025 (МИА) - Израел активно ги охрабрува агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни организации да ја преземат улогата на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) во Појасот Газа, изјави израелскиот амбасадор во ОН во Женева, Даниел Мерон
Ова доаѓа по одлуката на Израел во јануари годинава да ѝ забрани на УНРВА да спроведува активности на израелска територија.
- Ние, Државата Израел, работиме на изнаоѓање замена за активностите на УНРВА во Газа, изјави израелскиот амбасадор Мерон.
Тој одби да навлезе во детали, но нагласи дека Израел „ги охрабрува агенциите на ОН и невладините организации“ да ја преземат работата во областите за кои се специјализирани.ссм/
фото: ЕПА