• среда, 27 ноември 2024

Израелски министер: Идејата за иселување на Палестинците е нереална

Израелски министер: Идејата за иселување на Палестинците е нереална

Тел Авив, 4 јануари 2024 (МИА) - Министерот Мики Зохар од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху смета деке не е реално Палестинците од Газа да бидат раселени во други земји, а притоа и меѓунраодата заедница тоа нема да го дозволи.

Ова е сосема спротивен коментар од израените ставои на неговите десничарски колеги во владата, министрите Смотрич и Бен Гвир,во контекст на емиграцијата на Палестинците од Газа.

-Тоа не е реално и јасно е дека меѓународната заедница нема да го прифати. Со овие работи, дури и ако го имате ова верување или цел, можете да разговарате и да разговарате зад затворени врати, рече Зохар.

Тој, исто така, кажа дека Израелците би биле среќни доколку Палестинците се решат за доброволна миграција.

-Јасно е дека нема никој во Израел кој не би бил среќен доколку жителите на Газа решат доброволно да емигрираат доколку се задоволни со таква одлука. Напоменувам дека таквата одлука е далеку од реална и јавна дискусија за ова прашање. не помага, рече министерот.

Зохар, исто така, кажа дека изјавите на екстремно десничарските министри наидоа на огорченост во САД. 

-Дури и да веруваме во таква тема, мораме да имаме подлабока дискусија и да ја истражиме пред да излеземе во јавноста. Последиците од тоа ги гледаме во тоа што се случи со изјавите од САД, рече министерот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан