Израелски војници убија двајца Палестинци во јужна Газа
- Израелската армија соопшти дека двајца осомничени им се доближиле на војниците во јужниот дел на Газа и претставувале непосредна закана, поради што биле застрелани.

Тел Авив, 3 март 2025 (МИА) - Двајца Палестинци се убиени од израелски војници во Рафа, во Појасот Газа, јавика палестински медиуми, пренесува ДПА.
Израелската армија соопшти дека двајца осомничени им се доближиле на војниците во јужниот дел на Газа и претставувале непосредна закана, поради што биле застрелани.
Според извештаите, инцидентот се случил во центарот на градот Рафа.
Првиот дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас заврши викендов, но двете страни сè уште не постигнале договор за продолжување на примирјето. ссм/
фото: архива