• среда, 25 декември 2024

Израелските напади во Либан ги нарушуваат мировните мисии на ОН, предупредува Бербок

Израелските напади во Либан ги нарушуваат мировните мисии на ОН, предупредува Бербок

Бејрут, 23 октомври 2024 (МИА) - Либан е на работ на колапс, предупреди денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која пристигна на ненајавена посета во Бејрут, среде војната меѓу Израел и либанската милитантна организација Хезболах.

Израел веќе еден месец врши воздушни напади врз Хезболах во Либан, а кон крајот на септември започна копнена офанзива со цел да ги потисне борците на групата подалеку од својата граница.

Бербок истакна дека „секоја намерен напад врз „сините шлемови“ на ОН е прекршување на меѓународното хуманитарно право“. Мисијата на ОН за одржување на мирот во Либан (УНИФИЛ) обвини израелските војници дека неколкупати намерно пукале врз позициите на нејзините мировници.

- Обврската за заштита на ОН мировниците важи за сите страни во конфликтот, рече Бербок. - Војниците на УНИФИЛ ја имаат нашата целосна поддршка. Тие се клучни за наоѓање политичко решение на конфликтот, додаде таа.

- Задачата сега е да работиме со нашите партнери од САД, Европа и арапскиот свет за да најдеме одржливо дипломатско решение кое ќе ги заштити легитимните интереси за безбедност како на Израел, така и на Либан, заклучи Бербок. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан