• сабота, 21 декември 2024

Израелските вооружени сили соопштија дека убиле 90 милитанти во болницата Ал-Шифа во Газа

Израелските вооружени сили соопштија дека убиле 90 милитанти во болницата Ал-Шифа во Газа

Тел Авив, 20 март 2024 (МИА) - Израелските вооружени сили денеска соопштија дека убиле околу 90 милитанти и уапсиле 160 во операција во болницата Ал Шифа во Газа.

Ел Шифа беше најголемата болница во Појасот Газа пред војната и сега е една од ретките здравствени установи во северниот дел на енклавата која е барем делумно функционална. Во неа засолниште најдоа и раселените цивили.

„Во текот на изминатиот ден, војниците елиминираа терористи и пронајдоа оружје во болничката област, притоа избегнувајќи штета на цивили, пациенти, медицински тимови и медицинска опрема“, се вели во соопштението на вооружените сили.

Израелските сили упаднаа во болницата вчера, во раните утрински часови. Војската соопшти дека испратила специјални сили, поддржани од пешадија и тенкови, врз основа на разузнавачки информации дека болницата повторно била користена од милитанти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан