• недела, 24 ноември 2024

Израелскиот суд ја потврди одлуката за забрана на Ал Џезира до 8 јуни

Израелскиот суд ја потврди одлуката за забрана на Ал Џезира до 8 јуни

Ерусалим, 5 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот суд денеска ја потврди одлуката за забрана за работа на катарската медиумска куќа Ал Џезира на 35 дена, што владата на Израел ја воведе претходно од, како што се наведува, безбедносни причини.

Одлуката на судот е донесена ретроактивно и ја потврдува забраната за катарскиот медиум до 8 јуни.

На 5 мај, израелските власти упаднаа во хотелска соба во Ерусалим што ја користи Ал Џезира и го обвинија медиумот за поттикнување непријателство против Израел, по што му беше забрането да работи. мс/

Остани поврзан