Израелскиот претседател повика на нормализација на односите со Саудиска Арабија
- Претседателот на Израел Исак Херцог денеска испрати видео порака до учесниците на безбедносната конференција на Канал 14 во која повика на нормализација на односите со Саудиска Арабија и поширока регионална соработка, пренесоа израелските медиуми.

Тел Авив, 3 април 2025 (МИА) – Претседателот на Израел Исак Херцог денеска испрати видео порака до учесниците на безбедносната конференција на Канал 14 во која повика на нормализација на односите со Саудиска Арабија и поширока регионална соработка, пренесоа израелските медиуми.
Обраќајќи им се на учесниците на годишната конференција на Канал 14 посветена на безбедноста на Израел, Херцог рече дека Израел не само што целосно треба да ги отфрли заканите од Иран и неговите сојузници, туку и да развие регионални договори и аранжмани, особено за да се придвижи кон нормализирање на односите со Саудиска Арабија, пренесува Тајмс оф Израел.
Осврнувајќи се на ситуацијата во Израел, Херцог рече дека „денот по (војната) нема да биде едноставен“ за Израелците. јт/
Фото: ЕПА