• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија

Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија

Будимпешта, 3 април 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пристигна во посета на Унгарија на покана на неговиот лојален сојузник Виктор Орбан, пренесоа светските агенции.

Орбан го покани Нетанјаху, игнорирајќи го налогот за апсење на израелскиот лидер издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Добредојдовте во Будимпешта!, напиша на Фејсбук унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровниски. Тој синоќа го пречека Нетанјаху на аеродромот во главниот град на Унгарија.

Ова е прва посета на Нетанјаху на Европа од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. По воените почести во претседателската палата, Нетанјаху ќе биде пречекан од неговиот колега Орбан за разговори, по што двајцата ќе одржат прес-конференција.

На состанокот се очекува да се разговара за унгарската поддршка за планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Појасот Газа и да ги исели неговите жители. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан