• вторник, 24 декември 2024

Израелскиот премиер Лапид поддржа дводржавно решение за израелско-палестинскиот конфликт

Израелскиот премиер Лапид поддржа дводржавно решение за израелско-палестинскиот конфликт
Њујорк, 22 септември 2022 (МИА) - Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска повика на дводржавно решение за повеќедеценискиот конфликт меѓу Израел и Палестинците и повторно истакна дека Израел ќе стори „се што е потребно“ за да го спречи Иран да развие нуклеарна бомба. Изјавата на Лапид пред Генералното собрание на Обединетите нации доаѓа откако израелските лидери со години избегнуваа какво било спомнување на тоа прашање во ОН. „Договор со Палестинците заснован врз две држави за двата народа е вистинската работа за безбедноста на Израел, за израелското стопанство и за иднината на нашите деца“, рече Лапид. Тој нагласи дека договорот ќе биде возможен само под услов тоа да биде мирољубива палестинска држава што нема да го загрозува Израел. За време на неговата посета на Израел во јули американскиот претседател Џо Бајден го поддржа решението за две држави. аб/

Остани поврзан