• четврток, 28 ноември 2024

Израелскиот парламент забрани реизбор на критичар на премиерот Бенет

Израелскиот парламент забрани реизбор на критичар на премиерот Бенет
Ерусалим, 26 април 2022 (МИА) - Израелскиот парламент (Кнесет) му забрани на пратеникот Амихаи Шикли, кој ја напушти десничарската партија на премиерот Нафтали Бенет, да биде реизбран за член на која било партија. Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата забрана се смета за мала политичка победа на премиерот во време кога се обидува да стабилизира кревка влада, а истовремено е и предупредување за секој друг пратеник во случај да се побуни. Собраниската комисија со седум гласа за и ниту еден против гласаше против пратеникот Шикли и го прогласи за отстапник. Шикли ја напушти партијата Јамина на Бенет речиси веднаш по формирањето на владејачката коалиција и се сметаше за можен иден кандидат на опозициската конзервативна партија Ликуд. Израелските медиуми јавуваат дека Шикли би можел да основа нова партија. Шикли претходно изјави дека на Израел му е потребна ционистичка влада, а не „некоординирана крпеница“ која зависи од гласовите на арапските пратеници, алудирајќи на фактот дека коалицијата на десничарски, левичарски и центарски партии вклучува и една мала арапска партија за прв пат во еврејската историја. паг/        

Остани поврзан