Израелскиот министер за туризам поднесе оставка
- Израелскиот министер за туризам Асаф Замир поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради новата уредба со која на граѓаните им се забранува да протестираат на места оддалечени од ни
Ерусалим, 2 октомври 2020 (МИА) - Израелскиот министер за туризам Асаф Замир поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради новата уредба со која на граѓаните им се забранува да протестираат на места оддалечени од нивниот дом повеќе од еден километар.
Тој на Фејсбук напиша дека не му дозволува совеста да остане во Влада, која забранува протести.
- Дури и во овие најтешки времиња (Бенјамин) Нетанјаху ја води земјата во согласност со своите политички интереси, истакна Замир.
Замир е член на партијата Сино и Бело, чиј лидер е министерот за одбрана Бени ганц, главниот опонент на премиерот Нетанјаху.
Нетанјаху со месеци се соочува со протести поради начинот на кој управува со пандемијата и поради обвиненијата за корупција.
Изралексиот Парламент во средата ја одобри владината одредба со која им се забранува на граѓаните дапротестираат на места оддалечени повеќе од еден километар од нивните домови. Со таа одредба заострени се карантинските мерки воведени на 18 септември воведени поради вториот бран на Ковид-19.
Критичарите истакнуваат дека владината уредба има за целда ги блокира протестите во близина на официјалната резиденција на Нетанјаху во Еrусалим.
Но, и покрај уредбата Израелците продолжија да протестираат,иако во помал број. Во Тел Авив вчера се собраа десетици демонстранти одкои 12 се приведени под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир.
Од почетокот на пандемијата во Израел потврдени се над 256.600 случаи со Ковид-19 и повеќе од 1.600 смртни случаи. ми/