• вторник, 12 ноември 2024

Израелскиот министер Бен Гвир ќе побара од Кнесетот смртна казна за терористите 

Израелскиот министер Бен Гвир ќе побара од Кнесетот смртна казна за терористите 

Тел Авив, 19 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека до Кнесетот ќе поднесе нацрт-закон на првично одобрување, со кој во иднина во Израел ќе се воведе смртна казна за терористите.

Во објава на социјалната мрежа Х, Бен Гвир напиша дека во понеделник пред Комитетот за национална безбедност на Кнесетот ќе го претстави предлог-законот, што веќе го подготви неговата партија Еврејска моќ, јави „Тајмс оф Израел“.

„Очекувам сите членови на Кнесетот да го поддржат овој важен закон“, посочи тој.

Смртната казна е изречена само два пати во историјата на Израел. Нацистичкиот архитект на Холокаустот, Адолф Ајхман, е последниот кој бил погубен со бесење во 1962 година. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан