• четврток, 26 декември 2024

Израелскиот министер Бен-Гвир призна дека ги саботира преговорите меѓу Израел и Хамас

Израелскиот министер Бен-Гвир призна дека ги саботира преговорите меѓу Израел и Хамас

Тел Авив, 4 септември 2024 (МИА) - Екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денеска изјави дека настојува да ги саботира преговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Хамас, пренесува Анадолија.

„Се трудам да ги запрам преговорите со Хамас. Држава чии шест заложници беа ладнокрвно убиени, не преговара со убијци, туку ги прекинува преговорите, ги смачкува и престанува да им испорачува гориво и струја“, напиша Бен-Гвир на социјалната мрежа Икс.

Израелската војска минатата недела ги извлече телата на шесте израелски заложници од југот на Газа.

Израелските власти го обвинија Хамас за нивното убиство, додека оваа палестинска милитантна група тврди дека тие биле убиени во израелските воздушни напади во Газа.

Бен-Гвир повеќепати се заканувал дека ќе ја урне владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради каков било договор за примирје со Хамас.

САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор помеѓу Израел и Хамас за размена на затвореници и прекин на огнот, со цел да се овозможи хуманитарна помош во Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан