• сабота, 28 декември 2024

Израелскиот безбедносен кабинет утре ќе го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах

Израелскиот безбедносен кабинет утре ќе го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах

Тел Авив, 25 ноември 2024 (МИА) – Израелскиот Кабинет за национална безбедност ќе се состане утре за да го одобри примирјето со Хезболах во војната во Либан, се наведува во извештаите на повеќе медиуми на хебрејски јазик, пренесе Тајмс оф Израел.

Текстот на примирејто денеска беше финализиран, јави Канал 12, додавајќи дека ќе треба да се случи „нешто драстично“ за да не дојде до договор за прекин на огнот пред утрешната средба на безбедносниот Кабинет.сд/

фото:Прес служба на влада Израел 

Остани поврзан