• четврток, 26 декември 2024

Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на воениот рок на три години

Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на воениот рок на три години

Тел Авив, 12 јули 2024 (МИА) - Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на задолжителната воена служба на три години, од претходните 32 месеци, пренесоа денеска израелските медиуми.

Израелската Влада на 14 јули ќе гласа за продолжување на задолжителниот воен рок, а таа одлука ќе важи осум години по гласањето, пренесува Канал 12.

Овој потег доаѓа неколку дена откако министерот за одбрана Јоав Галант ја повика Владата да ја усвои мерката. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан