• сабота, 16 ноември 2024

Израелска студија: Четвртата доза вакцина против Ковид-19 со ограничена заштита од сојот Омикрон

Израелска студија: Четвртата доза вакцина против Ковид-19 со ограничена заштита од сојот Омикрон
Tел Авив, 17 јануари 2022 (МИА) -  Медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив денеска ги објави резултатите од прелиминарната студија која покажува дека четвртата доза од вакцина против коронавирус обезбедува само ограничена одбрана од новиот вид на коронавирус Омикрон. Во декември во таа болница почна вакцинацијата на повеќе од 270 здравствени работници со уште еден бустер. Вакцина на Модерна примија 120 луѓе и 154 на Фајзер/Бионтек. Сите претходно биле вакцинирани трипати со вакцината на Фајзер. Клиничките испитувања открија малку повеќе антитела отколку по третата вакцина, минатата година, но тоа не го спречи ширењето на сојот Омикрон. зш/

Остани поврзан