• понеделник, 02 септември 2024

Израелска делегација пристигна во Каиро на разговори за ослободување на заложниците

Израелска делегација пристигна во Каиро на разговори за ослободување на заложниците

Ерусалим, 9 јануари 2023 (МИА) - Израелска делегација пристигна во Каиро за да ги продолжат индиректните преговори за ослободување на заложниците кои се држат во Газа, јавија денеска израелските медиуми.

Во меѓувреме, дел од семејствата на израелските заложници се собраа да демонстрираат на граничниот премин Керем Шалом со Газа.

Тие планираа да го свртат вниманието на повеќе од 130 лица кои сè уште се држат како заложници откако беа киднапирани од јужен Израел на 7 октомври.

Шаи Венкерт, таткото на 22-годишникот кој беше приведен, рече дека демонстрантите на преминот ќе спречат испорака на стоки и лекови во Појасот Газа.

Но, полицијата на пат кон преминот ја запрела колоната возила со семејствата на заложниците за да ја спречи да влезе во затворената воена зона. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан