Израелска армија: Убиени се околу 150 милитанти во рација во болницата Ал Шифа, над 500 уапсени
- Израелската армија соопшти дека околу 150 вооружени луѓе биле убиени, а повеќе од 500 осомничени биле уапсени при рација во болницата Ал Шифа во градот Газа, која трае четврти ден, и за која тврди дека била насочена против милитантите на Хамас.
Tел Авив, 22 март 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека околу 150 вооружени луѓе биле убиени, а повеќе од 500 осомничени биле уапсени при рација во болницата Ал Шифа во градот Газа, која трае четврти ден, и за која тврди дека била насочена против милитантите на Хамас.
„Израелските сили уапсија стотици борци на Хамас и Исламски џихад, вклучително и голем број безбедносни службеници и воени команданти, за време на нивниот напад врз Ал Шифа, главната болница во Газа“, изјави израелскиот воен портпарол Даниел Хагари.
Се вели дека војниците убиле стотици борци и привеле повеќе од 500 осомничени, вклучително и 358 членови на Хамас и организацијата Исламски џихад, што е најголем број од почетокот на војната пред речиси шест месеци, пренесуваат агенциите.
Хагари рече дека единиците на специјалните сили користеле „тактика на измама“ за да ги изненадат борците и им задале тежок удар на Хамас и Исламскиот џихад.
Меѓу уапсените се тројца високи воени команданти на Исламски џихад и двајца функционери на Хамас одговорни за операциите на окупираниот Западен Брег, како и други службеници за внатрешна безбедност на Хамас, се наведува во соопштението.
Хамас ги негираше тврдењата на израелската армија дека уапсила членови на тоа движење во болницата Ал Шифа, пренесува Ал Џезира. рп/
Фото: Икс