• вторник, 12 ноември 2024

Израелска војска: Убиени двајца команданти на Хезболах

Израелска војска: Убиени двајца команданти на Хезболах

Тел Авив, 2 ноември 2024 (МИА) - Двајца команданти на Хезболах се убиени во израелски воздушен напад на југот на Либан, соопшти израелската војска (ИДФ).

Според воените извори, во нападот во близина на градот Тир загинаа командантот на израелската крајбрежна единица Моуин Муса Из ал-Дин и командантот на артилериската единица Хасан Маџед Диаб, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ наведе дека Диаб бил одговорен за ракетниот напад врз областа Хаифа Беј, при што загинаа мајка и нејзиниот син. ссм/

фото: архива

Остани поврзан