• среда, 25 декември 2024

Израелската војска тврди дека ги завршила операциите на југот на Појасот Газа

Израелската војска тврди дека ги завршила операциите на југот на Појасот Газа

Тел Авив, 30 август 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека ги завршила воените операции во областите Кан Јунис и Деир ал-Балах на југот на Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Војската наведува дека „трупите од 98-та дивизија ја завршија својата мисија во јужниот Појас Газа и се подготвуваат за нови задачи“.

Се додава дека војската ги завршила операциите во тие области „по отприлика еден месец истовремени надземни и подземни оперативни активности“.

- Трупите елиминираа повеќе од 250 борци и ја уништија нивната инфраструктура, тврди војската.

Во соопштението се наведува дека „единицата Јахалом, заедно со 7-та бригада и Падобранската бригада, лоцирала и уништила шест патеки на подземни тунели во должина од околу шест километри“.

„Седмата бригада дејствуваше во областите Кан Јунис и Деир ал-Балах, каде што лоцираше оружје, неутрализираше десетици заседи и уништи борбени единици“, се додава во соопштението.

Војската, исто така, соопшти дека жителите можат да се вратат во своите домови во северниот дел на Блок 89 и во населбите Хамад, Ал-Џалаа и Ал-Карара.

Хамас сè уште не се огласил по соопштението на израелската војска.ссм/

фото: архива

Остани поврзан