Израелската војска повторно напаѓа цели во Бејрут
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) повторно извршија тешки воздушни напади врз цели во Бејрут во текот на ноќта.
Тел Авив/Бејрут, 1 април 2026 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) повторно извршија тешки воздушни напади врз цели во Бејрут во текот на ноќта.
„Пред кратко време, во два одделни напада во областа на Бејрут, ИДФ нападна висок командант на Хезболах и уште еден висок терорист“, соопшти израелската војска.
Според прелиминарните информации од либанското Министерство за здравство, најмалку пет лица загинаа, а 21 лице беа повредени во нападите.
Жителите пријавија гласни експлозии и пожари во близина на меѓународниот аеродром во Бејрут.
Милицијата Хезболах, поддржана од Иран, претходно повторно лансира ракети и дронови кон северен Израел. Израелската служба за спасување пријави неколку повредени лица вклучувајќи и едно дете, кое беше полесно повредено.
По речиси една година војна меѓу Израел и Хезболах, во ноември 2024 година беше договорено прекин на огнот. Хезболах ги продолжи нападите врз Израел по почетокот на војната со Иран пред речиси еден месец, што го натера Израел да одговори со тешки воздушни напади и копнени операции во јужен Либан. мс/јт/
фото: Архива