• среда, 25 декември 2024

Израелската Влада претстави план за реформи на Врховниот суд

Израелската Влада претстави план за реформи на Врховниот суд

Тел Авив, 4 јануари 2023 (МИА) – Израелскиот министер за правда Јарив Левин, во новата Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска претстави план за реформирање на Врховниот суд.

Со реформите предвидено е и формирање нова комисија за ревизија на номинацијата на судии, како и ингеренции на Парламентот да може да поништи судските одлуки.

Планот за реформирање на Врховниот суд веќе предизвика жестоки критики од израелскиот државен обвинител и израелската опозиција.

Националистичко-религискиот блок партии на Нетанјаху освои мнозинство во Кнесетот на изборите на 1 ноември. ми/

Остани поврзан