• сабота, 28 декември 2024

Израелската армија ја потврди смртта на заложник во спасувачка операција

Израелската армија ја потврди смртта на заложник во спасувачка операција

Ерусалим, 3 јануари 2024 (МИА) -  Израелската армија денеска потврди дека израелскиот заложник Сахар Барух,  киднапиран за време на нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, е убиен во спасувачка операција во Газа во декември.

Армијата соопшти дека го информирала семејството Барух дека нивниот син Сахар бил убиен во операција на специјалните сили на 8 декември.

Братот на Сахар, Ајдан, беше убиен во нападите на Хамас на 7 октомври, а неговите родители и двајцата браќа го избегнаа масакрот во кибуц во кој загинаа најмалку 85 лица. зш/

Остани поврзан