• четврток, 05 март 2026

Израелската армија утринава нападнала десетици цели во Техеран

Израелската армија утринава нападнала десетици цели во Техеран

Тел Авив, 4 март 2026 (МИА) - Израелската армија рано утринава објави дека погодила десетици цели во Иран вклучувајќи и командни центри во Техеран.

„Пред малку израелските воздухопловни сили, водени од разузнавачките служби, завршија уште еден бран напади насочени кон командните центри на иранскиот терористички режим во Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.

„Како дел од овие напади, армијата лансира десетици ракети врз командните центри на внатрешната безбедност“, се додава во соопштението.

Пред почетокот на последниот израелски напад утринава, сирени за воздушен напад се огласија во Израел, но засега нема пријави за повредени, наведуваат службите за итни случаи.

Во текот на ноќта армијата почна „широк бран напади“ врз Иран по 17. бран ирански ракетни напади на израелска територија.сд/јт/

Фото:ДПА

Остани поврзан