• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската армија од воздух нападна палестински борци во Газа

Израелската армија од воздух нападна палестински борци во Газа

Ерусалим, 17 март 2025 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека од воздух ги нападнала палестинските борци во Газа, кои, како што тврди, се обидувале да постават бомби.

Еден од нападите бил врз „тројца терористи кои се обидувале да закопаат експлозивна направа во близина на (израелската) армија во центарот на Појасот Газа“, соопшти армијата, додавајќи дека извршила уште еден напад врз „повеќе терористи“ во областа Рафа, на југот на Газа.

И покрај примирјето меѓу Хамас и Израел од 19 јануари, израелската армија редовно изведува напади на палестинската територија уништена од војната, што почна по нападот на исламистичкото движење Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година.

Девет лица, вклучително и четворица палестински новинари, загинаа во нападите вчера во Бејт Лахиа, според цивилната одбрана во Газа, што е најтешка бројка од стапувањето на сила на прекинот на огнот на 19 јануари.

Хамас го осуди нападот како флагрантното кршење на примирјето.

Армијата ги потврди двата напада во Бејт Лахиа, како што наведе, против „двајца терористи кои управувале со дрон“ и возило во кое, според израелската армија, биле „терористи кои дошле да го земат дронот“.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан