• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската армија извршила 45 воздушни напади врз Појасот Газа

Израелската армија извршила 45 воздушни напади врз Појасот Газа

Газа, 9 април 2025 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека вчера извршила 45 воздушни напади во Појасот Газа и дека цели биле локации за производство на оружје, ракетни фрлачи, згради што ги користат милитантните групи и магацини за оружје.

Во военото соопштение се наведува дека нивните војници лоцирале и неколку отвори на тунели во областа Тел Султан, како и напредување во коридорот меѓу Рафа и Кан Јуниса.

Израелската армија, исто така, објави дека нејзините војници лоцирале и уништиле неколку згради и друга инфраструктура што наводно ги користи Хамас, заедно со тунели, и убиле неколку оперативци, пренесува „Тајмс оф Израел“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан