• вторник, 12 ноември 2024

Израелската армија гаѓала седум позиции на Хезболах на југот на Либан

Израелската армија гаѓала седум позиции на Хезболах на југот на Либан

Ерусалим, 19 септември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнала шест инфраструктурни локации на Хезболах и складиште за оружје на југот на Либан, а стравувањата од ширење на војната со либанското исламистичко движење растат.

Воздухопловните сили ја гаѓаа „инфраструктурата на терористите на Хезболах во областите Чихинин Тајиб, Билда, Меис Ел Џабал, Ајтарун и Кферкела во јужен Либан, како и складиште за оружје на Хезболах во регионот Кијам“, соопшти армијата.

Војската во соопштението додава дека два дрона денеска паднале од Либан во близина на Беит Хилел и Јара во Израел и дека нема повредени, но на едно место избувнал пожар.

Хезболах и израелската војска речиси секојдневно разменуваат оган од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое е во сојуз со Хезболах. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан