• среда, 27 ноември 2024

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Радовиш, 8 декември 2023 (МИА) - Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), на Општина Радовиш и беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река за градот Радовиш.

Како што информираа од Општината, картата е изработена од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од стогодишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба.

-Картите за опасност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Картата за опасност содржи графички и текстуални насоки за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница. Содржината на картите за опасност беа презентирани и усвојувани на претходно одржани работилницата со претставници на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, претставници од урбаните заедници, невладините организации и група на граѓани од ранливи категории, соопштија од локалната самоуправа.

Изработени се 50 карти на опасности за претставниците на локалните и државни институции, а поставени се и шест табли од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Покрај тоа, изработени се три илјади џебни брошури кои ќе се поделат преку образовните институции до граѓаните како крајни корисници. рт/дма/

Фото: Општина Радовиш

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан