• петок, 27 декември 2024

Изов: Грузија е незгоден противник кој во последно време бележи добри резултати

Изов: Грузија е незгоден противник кој во последно време бележи добри резултати

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) – Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација Кирил Изов искажа пофални зборови за Грузија против која неговите избранички ќе одиграат два контролни натпревари. 

- Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати. Во овој двомеч очекуваме да се покажеме до добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена  и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија. Атмосферата во селекцијата е одлична, изјави Изов.

Контролните натпревари со Грузија, македонските фудбалерки ќе ги играат на 25 и 28 февруари.

Во април Македонките го почнуваат новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година. зс/

Остани поврзан