• недела, 01 септември 2024

Изов го објави списокот со повикани фудбалерки за средбите со Косово

Изов го објави списокот со повикани фудбалерки за средбите со Косово

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ќе одигра два натпревара (27 и 31 октомври) со Косово во Лигата на нации од групата 5 (2. и 3. коло).

Селекторот Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:

голмани: Магдалена Лекоска, Лина Самарџиоска и Ведрана Комненова.

одбрана: Ана Милчевска, Сара Коларовска, Михаела Додевска, Кристина Мојсоска, Едина Сулејмани, Александра Јовановска, Катерина Милеска и Сара Ефтинџиоска.

среден ред: Драгана Костова, Радица Велкова, Александра Марковска, Елма Шемсовиќ,  Кристина Крстева, Хава Мустафа и Оливера Цоклеска.

напад: Гентијана Рочи, Афродита Салихи, Јилза Максути, Кристина Петрушевска, Радица Чонева и Бојана Петкова.

Македонската женска репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен. зс/

Остани поврзан