• среда, 04 февруари 2026

Изненадување во Куманово – триумф на Чаир 2030 против фаворитот

Изненадување во Куманово – триумф на Чаир 2030 против фаворитот

Куманово, 26.јануари 2026 (МИА) – Голем триумф на гостински терен вечерва остварија кошаркарите на Чаир 2030 кои како гостин го совладаа тимот на МКК Куманово со 76:71. Ова за чаирчани беше петта победа во првенството или четврта на последните пет дуели и со тоа се изедначија со Феникс и Работнички со бројот на победи и ги зголемија шансите за опстанок во лигата.

Чаирчани дека се подготвени за победа потврдија во првиот дел кога имаа и предност од 45:40, а кумановчани имаа предност само во првиот период. Гостите во два наврати имаа и предност од десет разлика во третиот период, но кумановчани сепак во последната четвртина стигнаа до изедначување – 70:70 на 52 секунди до крајот.

Но, завршницата им припадна на гостинските кошаркари кои беа попрецизни во нападот. Тимската игра и дури четири играчи со двоцифрен број поени беа една од карактеристиките за победата на Чаир 2030. Најефикасен со 20 поени кај победникот беше Кајл Стурдивант, додека на дуелот беше Урош Луковиќ со 23 поени.

Во денешниот прв дуел од 12.коло од МТЕЛ Супер лигата ТФТ го совлада Кожув со 96:83 и остана на првата позиција со 23 бодови. мн/

Фото: www.mkd.basketball

Остани поврзан