• сабота, 28 декември 2024

Изминатото деноноќие произведени 17.115 MWh електрична енергија

Изминатото деноноќие произведени 17.115 MWh електрична енергија
Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – Изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 17.115 MWh електрична енергија, соопшти денеска владината прес-служба. Со тоа, како што информираат, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
 
Во термоелектраните произведени се 11.095 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени 6.020 MWh.
 Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија за болниците, училиштата, јавните претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата. бак/лв/

Остани поврзан