• сабота, 23 ноември 2024

Изминатиов месец обележани 9.447 квадратни метри хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари

Изминатиов месец обележани 9.447 квадратни метри хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари

Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје во текот на изминатиов месец ја обележаа хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во вкупна површина од 9.447 квадратни метри. Рачно се обележани пешачките премини и автобуски станици во површина од 5.322 квадратни метри и 4.125 квадратни метри и машински се обележани надолжните линии на улиците и булеварите во Централно градско подрачје, Мал и Голем ринг.

-Во текот на ноќното обележување се санирани и 75 оштетени рефлектирачки столбови и поставени се 31 нови на улицата „Борис Сарафов“, булевар „Кочо Рацин“, улица „Кемал Сејфула“ и улица „Никола Карев“, информираат од ЈП Улици и патишта Скопје.

Паралелно со одржувањето на сообраќајната опрема се одржува и вертикалната сигнализација и тоа во изминатиов месец поставени се 11 нови сообраќајните знаци на булеварот „Трета Македонска Бригада“ и булеварот „Тодор Александров“, а исправени се 12 сообраќајни знаци на булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ кои беа уништени како последица на неповолните временски услови кои беа застапени изминатиот период.

-Екипите продолжуваат и во наредниот период со ноќното обележување на хоризонталната сигнализација по утврдената динамика од Град Скопје, како и со контрола и санација на сообраќајните знаци и опрема на сите места каде што има потреба за интервенции, велат од ЈП Улици и патишта Скопје. дма/са/

Остани поврзан