• понеделник, 23 декември 2024

Изминатата седмица санкционирани 241 непрописно паркирано возило во Центар

Изминатата седмица санкционирани 241 непрописно паркирано возило во Центар

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционирале 241 возач за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 4-ти до 10 март со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 131 непрописно паркирано возило, а механичко средство „Блокатор“ поставено е на 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму додаваат дека со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/са/

фото ЈП ПОЦ

Остани поврзан