• четврток, 12 февруари 2026

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар

Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура.

Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/дма/

Фото ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан