• недела, 28 јули 2024

Изминатата недела во Центар санкционирани 159 непрописно паркирани возила

Изминатата недела во Центар санкционирани 159 непрописно паркирани возила
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) - Во текот на изминатата недела се санкционирани 159 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Центар, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 93 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 66 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој што биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници. ар/лв/

Остани поврзан