• недела, 24 ноември 2024

Изминатава недела три нови случаи на африканска чума во кумановско

Изминатава недела три нови случаи на африканска чума во кумановско
Куманово, 10 октомври 2022 (МИА) - Последнава недела регистрирани се три нови случаи на африканска свинска чума,во поширокиот кумановски регион,  соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според податоците на Агенцијата нови случаи на болеста кај свињите има во село Арбанашко во општина Старо Нагоричане и во Куманово во село Љубодраг и населбата Карпош.
- Испитувањата во Умин Дол, Ново село и Љубодраг покажаа дека вирусот циркулира во кумановско. Забраната за колење на животни сè уште е на сила, велат од АХВ. Состојбата со болеста во кумановското село Долно Којнаре е под контрола. Таму спроведена е мерка за депопулација на свињите во одгледувалиштето каде што беше потврдена болеста. Убиените свињи нештетно се отстранети, а извршена е и дезинфекција. На подрачјето на државата од 27 јули до 5 октовмри, годинава уништени се 3.346 свињи.ам/ир

Остани поврзан