• четврток, 26 декември 2024

Измените на Законот медиуми пред матичната собраниска комисија

Измените на Законот медиуми пред матичната собраниска комисија
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за транспорт и врси денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за  аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска. -Целта на законот е  воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест.  Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.лв/са/    

Остани поврзан