• четврток, 26 декември 2024

Измените на Законот за заштита и благосостојба на животните – можност за надминување на проблемот со бездомните кучиња

Измените на Законот за заштита и благосостојба на животните – можност за надминување на проблемот со бездомните кучиња

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Контрола на сопствеништвото на домашен миленик и контрола на размножувањето и благосостојбата на животните се дел од предизвиците кога станува збор за бездомните кучиња. Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животите ветува решение, но, според кинолошките здруженија, не значи ништо ако неговите одредби не се почитуваат.

Од Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ велат дека кај нас секој може да земе куче, да го чува несоодветно, да го размножува неконтролирано и на крај да го остави на улица него или неговото потомство, и сето ова, како што велат, да помине без санкција, создавајќи огромен комунален проблем за граѓаните и загрозувајќи ја благосостојбата на кучето. 

Според нив, без разлика колку активистите ќе успеат да згрижат и вдомат, сѐ додека изворот на проблемот не се запре, проблемот само ќе се амортизира, меѓутоа не може да биде конечно решен. 

Здруженијата за заштита на животни, како и слободни активисти денеска пред ЈП „Лајка“ одржаа мирен протест со барања за итно разрешување на в.д. директорката на претпријатието, како и прекин

- Прифатилиштата и активистите ја третираат последицата на проблемот, односно, нивната активност настапува од кога кучето е веќе на улица. Меѓутоа, како тоа куче да не заврши на улица, односно како да се превенира таа последица со која ние се соочуваме, тоа е дел во кој надлежната институција апсолутно потфрлува, велат оттаму, дополнувајќи дека е неопходна санкција за сѐ она што подразбира неодговорно сопствеништво.

МИА претходно пишуваше дека неконтролираното размножување ги полни улиците со бездомни кучиња, а несоодветните законски регулативи или неефикасниот систем на казнивост го отежнуваат решавањето на проблемот со уличните кучиња - жртви на несовесното сопствеништво.

Директорката на претпријатието „Лајка“, Радмила Пешева, во разговор за МИА тогаш информираше дека се зголемува бројот на напуштени кучиња со микрочип, заловени на јавен простор без присуство на сопственикот, што според неа укажува на податокот дека системот на контрола не функционира.

Планот за унапредување на благосостојбата на животните, конкретно бездомните кучиња, според Агенцијата за храна и ветеринарство е усвојување на Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животите и имплементација на одредбите, особено во делот на одговорното сопствеништво на домашните миленици. Ова, според нив, е клучната алка во системот за контрола на популација на кучиња, а фокусот е воспоставување на систем за контрола на репродукцијата на домашните миленици.

Од Собранието велат дека Предлогот е во работна верзија и е доставен до кинолошките здруженија за забелешки.

- Предлозите ќе ги видиме кога ќе ги добиеме од здруженијата. Она што е прифатливо ќе биде имплементирано законски, изјави за МИА Ненад Коциќ, дел неформалната Зелена собраниска група која работи на овој закон.

Имплементацијата клучна за функционалноста на законските одредби

Според „Лајка“, постојниот закон генерално има определено најголем дел од тоа што треба да содржи еден национален закон за заштита на животни, меѓутоа, неговиот единствен недостиг е недореченост, двосмисленост на одредбите, без конкретни определби и ниските казни.

Нивните предлози за подобрување на законската рамка се во насока на дефинирање на определени поими, определување на залови, „стерилизирај, вакцинирај, врати“ како единствена метода за решавање на проблемот без примена на други методи кои ја нарушуваат нејзината суштина, односно оставаат отворена можност за произволност, како и повторна примена на еутаназија на здрави, излечиво болни или животни за кои постои интерес за вдомување. 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека имале мал застој во доопремувањето на стационарот „Лајка“ поради вонредните состојби и епидемијата.

Тие препорачуваат забрана за размножување на миленик надвор од регистрирана одгледувачница, забрана за колење и усмртување на животни во ритуални обреди, определени одредби со кои би се забранило чување, одгледување и користење на копитари во урбани средини, поконкретни одредби кои се однесуваат на идентификација на милениците и нивните легла и прецизирање на обврската на општините, но и определување на поголеми надлежности за општинските комунални служби.

- Во моментот имаме оксиморонална ситуација – општините се надлежни за решавање на проблемот и се сносат со последиците од истиот, односно плаќаат оштети. Меѓутоа, во свои раце немаат надлежности да влијаат на истиот. Комуналните служби мора да имаат пристап до регистарот на домашни миленици, да може да санкционираат миленик на јавен простор, нечипиран миленик, размножување надвор од регистрирана одгледувачница, како и напуштање на миленик, посочуваат тие.

Според нив, спроведувањето на законот не смее да остане исклучиво во раце на Агенцијата за храна и ветеринарство, а во тој контекст, како што велат, имаат предлог за формирање на полиција за животни. 

- Во контекст на ова, имаме предлози и за формирање на полиција за животни, надлежна за спроведување на одредбите од овој закон. И за крај, мора да имаме повисоки санкции за секое однесување спротивно на одредбите на законот. Само за споредба, во Хрватска, казната за напуштање на миленик е од 15.000 – 30.000 куни, односно од 2 000 – 4 000 евра, велат тие.

Кај нас, според Законот за заштита и благосостојба на животните, глобата за напуштање на миленик изнесува 500 евра во денарска противвредност.

Најголем број од евидентираните миленици се кучиња, казните за прекршоци има повеќе од лани

Според информациите од АХВ, во нивниот модул за домашни миленици на Ветеринарно информативниот систем во моментов се евидентирани вкупно 126 905 домашни миленици од кои 119 082 кучиња. Минатата година во овој систем биле евидентирани вкупно 128 202 домашни миленици од кои 120 202 кучиња.

Во Регистарот на одобрени прифатилишта на Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, се евидентирани 27 прифатилишта од кои на две им е времено одземено одобрението. 

На следната седница на Советот на Град Скопје ќе се расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници за работење на ЈП „Лајка“. Со спроведување на програмата, как

Од АХВ информираат дека во 2022 година кај сопственик на домашен миленик се одржани 32 едукации за сторени прекршоци. Дел од нив се за невакцинирано куче против беснило, куче затекнато на јавна површина кое не било врзано на поводник, и поради табла на влезна врата на сопственикот на кучето која не била истакната на видливо место.

- Во 2022 година кај сопственик на домашен миленик и прифатилиште за кучиња, издадени се 20 решенија за сторени прекршоци согласно Законот за ветеринарно здравство, Закон за идентификација и регистрација на животни, Законот за заштита и благосостојба на животните. Истата година изречени се 30 парични казни, велат тие.

Во 2023 година, од АХВ велат дека се одржани шест едукации за движење на домашен миленик на јавна површина без поводник и придружба од сопственик, третирање на бездомни кучиња во прифатилиште спротивно Законот за заштита и благосостојба на животните, несоодветен здравствен третман на животните во прифатилиште за бездомни кучиња, неодобрено прифатилиште, напуштање на домашен миленик, непријавување на легло со кучиња до овластена ветeринарна амбуланта и слично.

- Во 2023 година кај сопственик на домашен миленик и прифатилиште за кучиња, издадени се 106 решенија за сторени прекршоци согласно Законот за ветеринарно здравство, Закон за идентификација и регистрација на животни, Законот за заштита и благосостојба на животните. Во 2023 година изречени се 40 парични казни, дополнуваат оттаму.

Измените носат подобар закон и надеж за бездомните кучиња

Според АХВ, изменувањето и дополнувањето на постојното законско решение кое беше усогласено со европското, се прави со цел подобрување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, како и спроведување на одредени сегменти од Стратегијата за заштита и благосостојба на животните кои се однесуваат на пролонгирање на рокот за отфрлање на основниот кафезен систем за држење на кокошки несилки.

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување.

- Новото законско решение ќе воспостави систем за контрола на неконтролираното размножување на кучињата и другите домашни миленици преку регистрација на одгледувачници за кучиња и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици на домашни миленици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница и или регистриран сопственик на куче) да го стерилизираат својот миленик, велат од АХВ.

Дополнуваат дека нема да биде дозволено држење на куче кое е репродуктивно способно, освен ако не се работи за одгледувачница за кучиња или регистриран сопственик на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци), а крајната цел, како што велат, е зајакнување на принципите за одговорното сопствеништво на домашните миленици и намалување на бројот на бездомни кучиња.

- Со законот ќе се регистрираат сопствениците на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци), одгледувачниците, продавниците за домашни миленици и пансионите за кучиња, со што ќе се зајакне контролата на овие комерцијални активности, а краен резултат е намалување на бројот на бездомни кучиња, контрола на болестите и зајакнување на одговорното сопствеништво, дополнуваат оттаму.  

Од „Лајка“ се согласни дека измените ќе донесат подобар закон, од кој, како што велат, ќе произлезат понатамошни измени и усогласувања на други законски текстови, како и донесување на подзаконски акти кои ја определуваат конкретната материја, кои, според нив, ќе бидат солидна основа за решавање на проблемот, унапредување на благосостојата на животните, зголемена безбедност на граѓаните, но и подобрување за сликата за државата, затоа што, како што велат, односот на животните говори многу за едно општество.

Ангела Рајчевска

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан