• недела, 28 јули 2024

Изменет сообраќаен режим во М.Каменица поради градежни активности 

Изменет сообраќаен режим во М.Каменица поради градежни активности 
Македонска Каменица, 24 јуни 2021 (МИА) - Поради продолжување на градежните работи за асфалтирање на најфреквентните градски улици во Македонска Каменица во моментот сообраќајот во централното градско подрачје се одвива со изменет режим. Како што информираа од Општината, поради моментално асфалтирање на улицата булевар „Александар Македонски“, сообраќајот се одвива по околните улици. - Поради непристапноста кон булеварот заради асфалтирањето, сообраќајот се одвива по улиците „Осоговска“, „Каменичка“ и „Кејска“. Притоа напоменуваме дека влезот за возилата кои се движат по магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица и од Кочани кон Македонска Каменица е слободен и сообраќајот се одвива без проблем, истакнаа од Општината. Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи напомена дека освен булевар „Македонија“ со асфалтирање деновиве беа опфатени и улиците. - Како дел од поставувањето на новиот асфалтен слој во рамки на реконструкцијата на најфрекфентните улици во централното градско подрачје на Македонска Каменица, покрај булевар „Александар Македонски“, опфатени се улиците „Самоилова“, „Гоце Делчев“, „Руенска“ и спој на улиците „Церска“ и „Даме Груев“. Вредноста на работите изнесува 8,4 милиони денари средства, обезбедени од општинскиот буџет, рече Стаменкова. Напомена дека во наредниот период се планира асфалтирање и реконструкција на патната мрежаи во селските средини. - Освен во селските средини, предвидено е асфалтирање на дел од улиците „Миле Јаневски Џингар и „Новопроектирана“ додека со реализирање на останати инфратруктурни активности јавноста ќе биде запознаена во наредниот период, додаде Стаменкова. Во најскоро време како што додаде се очекува и отпочнување на доградбата на Градскиот кеј на Каменичка Река. За овој проект како што додаде изведувачот е одбран, со претходно обезбедени средства за реализација на овој проект. в.с/цр

Остани поврзан