• недела, 01 септември 2024

Изменет и редуциран сообраќаен режим во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер"

Изменет и редуциран сообраќаен режим во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер
Кавадарци, 5 септември 2022 (МИА)-Изменет и редуциран сообраќаен режим на движење и паркирање ќе има во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер", информираа денеска од кавадаречкото јавно претпријатие „Паркинг". Сето тоа, како што соопштија, во согласност со сообраќаен екаборат.
Стопанско-културната и туристичка манифестација ќе се одржи во деновите 7, 8, 9, 10 и 11 септември.
Општината Кавадарци пак, ги извести сите градежни фирми кои вршат градежни активности како ископи, бетонирање и слично, во и вон градското подрачје на град Кавадарци, во периодот од утре, заклучно со недела, да ги прекинат работите поради одржување на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022". свд/ир

Остани поврзан