• сабота, 23 ноември 2024

Измамен скопјанец, дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Измамен скопјанец, дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.

Како што соопшти денеска МВР, според пријавеното, измамата се случила на 1 ноември 2024 година кога лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи, за што му ги побарал парите.

Оштетениот откако ги дал парите, забележал дека телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/aa/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан