• четврток, 26 декември 2024

Изложени мозаици по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Изложени мозаици по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - По повод 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денеска во просториите на Млади Хаб, Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ - Скопје, изложи мозаици кои беа изработени во неколку работилници од членовите на Здружението.

Мозаиците се изработени од парчиња од керамички плочки и од хартија во боја.

-Со оваа изложба уште еднаш сакаме да покажеме дека и овие лица може да се изразуваат преку уметноста и да се рушат стигмите за можностите на овие лица, посочуваат од „Трисомија 21“. мс/аа/

фото/„Трисомија 21“

Остани поврзан