• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска

Изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска вечер ќе биде отворена во Културниот центар „Кочо Рацин“ во Кичево. Изложбата е дел од програмата за одбележување на патрониот празник на Центарот.

Зафировска преку своите дела на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.

- Серијалот го интерпретира биолошкиот процес од една страна, кружниот строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување, а од друга страна, преку визуелно прикажаниот регенеративен процес, делата ја претставуваат „последицата“ и процесот на физичко и ментално обновување настанато поради периодот на принудната изолација. Во делата комбинира повеќе начини на изразност - објекти со поп-артистички колористички изведби, плошни решенија, каде што дводимензионалноста на геометриските форми и поединечните секвенци стануваат целини, соопшти авторката. 

Зафировска досега реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во земјава.

Проектот е поддржан од Министерството за култура. мд/аа/

Фото: Христина Зафировска

Остани поврзан