• недела, 28 јули 2024

Изложба „Химна сред урнатини“ од Ѓорги Митревски

Изложба „Химна сред урнатини“ од Ѓорги Митревски

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) – Во Паркот на франкофонијата во Скопје денеска ќе се поставена изложба „Химна сред урнатини“ на Ѓорги Митревски.

Галериската поставка има цел да ги поттикне посетителите да ја преиспитаат својата перцепција на голотијата. Галеријата обезбедува засебен простор каде ќе биде овозможено личното искуство на соголување - сите заинтересирани посетители ќе имаат можност пред фотографскиот објектив да артикулираат содржини со своето тело.

Ѓорѓи Митревски се занимава со фотографија, колаж, сито печат и анимација и досега има реализирано повеќе самостојни изложби во Македонија, Босна, Германија, Франција, Кина и САД.

Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура, со логистичка поддршка од Општина Центар.свс/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан