• вторник, 01 октомври 2024

Изложба по повод роденденот на Пипи долгиот чорап во ООУ „Живко Брајковски“

Изложба по повод роденденот на Пипи долгиот чорап во ООУ „Живко Брајковски“
Скопје, 20 мај 2021 (МИА) -  По повод прослава на 75-тиот роденден на Пипи долгиот чорап во аулата на ООУ „Живко Брајковски“ – Бутел, Скопје, во соработка со амбасадата на Шведска е поставeнa  изложба со изработки од учениците. Инспирирани од книгата и изложбата, учениците изработиле 130 цртежи на тема Пипи, додека од најдобрите десет цртежи се изработени постери, а првите три се наградени од страна на амбасадата на Шведска, информираат од општина Бутел. По тој повод, денеска на свечен настан наградите на учениците им ги подели шведската амбасадорка Кристин Форшгрен Бенгтсон, додека останатите учесници сертификати.  Подршка за целиот настан дал и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски. аа/нд/

Остани поврзан